Утрински Весник
Македонија

Сведокот Ресмије Аземи на 3 март ќе сведочи за „Титаник 3”

Повторно одложено судењето за „Титаник 3“, не дојде сведокот од Германија

Скопје, 19 февруари 2020 (МИА) – Кривичниот суд во Скопје ги усогласил термините со Судот во Германија, преку кој треба да се реализира видео – конференциската врска со сведокот Ресмије Аземи, за судскиот предмет „Титаник 3”.

Адвокатот Мефаил Арслани, правен застапник на обвинетиот Ејуп Алими, за МИА, изјави дека на денешното рочиште се закажани судските рочишта за 3, 16 и 18 март на кои треба да сведочи сведокот Аземи.

Судскиот предмет за „Титаник 3”, подолго време се води пред Кривичниот суд во Скопје. Досега оваа судска постапка два пати почна од почеток. Обвинението за овој предмет го покрена СЈО, а се работи за изборни нерегуларности сторени во локалните избори во Општина Чаир, одржани во 2013 година.

Судскиот процес го води судијката Марија Клетничка, додека обвинението го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски. оџ/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Од кога долг кон компанија е кривично дело?

Уапсен гостиварец баран со потерница за издржување казна затвор

РКЕ утре ќе ја соопшти цената на парното