Утрински Весник
Македонија

Претставени новите мерки од ИПАРД програмата во Македонска Каменица

Претставени новите мерки од ИПАРД програмата во Македонска Каменица
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Македонска Каменица, 18 февруари 2020 (МИА) – Во Македонска Каменица денеска се одржа најавениот Инфо-ден за спроведување и користење на Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија за рурален развој ИПАРД 2014-2020. На настанот, како што информираа од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство присуствуваа земјоделци од Македонска Каменица, како и од населените места од оваа општина.

-Присутните земјоделци покрај можноста за поставување на прашања, имаа можност да се запознаат со ИПАРД можностите за рурални средини. Денешниот Инфо ден е одлична пракса и можност граѓаните да се запознаат со начините за диверзификација на фарми, развој на бизниси и со начините со кои преку програмата со јавен повик можат да обезбедат користење на средства, како и информација за потребните документи и деловните планови за работа, информираа од подрачната единица на МЗШВ.

Најголем интерес на Инфо денот предизвика мерката 3, која што овозможува инвестиции во физички средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибините производи.

-Корисници на оваа мерка можат да бидат правни и физички лица и задруги кои што се знаимаваат со преработка на млеко и млечни производи, преработка на месо и месни производи, преработка на овошје и зеленчук и други производи кои се наведени со оваа мерка. Исто така, мерката се однесува и на оние правни лица, коишто произведуваат енергија со преработка на примарна биомаса од растително и животинско потекло, со исклучок на биомаса од рибни производи, додадоа од подрачната единица на МЗШВ.

За повеќе информации заинтересираните земјоделци беа упатени кон веб-страниците на Телото за управување со ИПАРД Фондовите, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. вс/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Семејството Аслани обвинува за полициска бруталност по смртта на нивното двегодишно дете

Има загинати во возилото што падна во Радика

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива непречено