Утрински Весник
Македонија

По Конгресот, кој треба да се одржи од 8 до 12 март, ќе бидат познати носителите на кандидатските листи за пратеници на СДСМ

По Конгресот, кој треба да се одржи од 8 до 12 март, ќе бидат познати носителите на кандидатските листи за пратеници на СДСМ

Скопје, 18 февруари 2020 (МИА) – Во СДСМ е почната процедурата околу кандидирањето на идните кандидати за пратеници, а носителите на листи ќе бидат познати во март кога треба да се одржи конгресот на партијата.

Портпаролот Костадин Костадинов денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека конгресот треба да се одржи од 8 до 12 март и оти сега е неблагодарно да шпекулира со било какви информации.

– Процедурата околу кандидирање и евидентирање на идните кандидати за пратеници секако дека е отпочната. СДСМ дава можност на базата од последната клетка на партиското функционирање, а тоа се месните одбори, да предлагаат нивни кандидати од местата од каде тие се наоѓаат и како отворена партија даваме можност за сите кои ги препознаваат политиките на СДСМ по пат на самокандидирање да поднесат кандидатури во партијата. Околу носителите на листи ќе очекуваме кога ќе дојде ред на Конгресот на СДСМ, кој е највисок орган на одлучување на партијата да бидете запознаени, пред тоа би било неблагодарно и непринципиелно од една одговорна партија да шпелулира со било какви информации, изјави Костадинов. бак/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ