Утрински Весник
Македонија

Вархеји оптимист дека Северна Македонија и Албанија ќе ги испорачаат реформите за членство во ЕУ

Вархеји оптимист дека Северна Македонија и Албанија ќе ги испорачаат реформите за членство во ЕУ

Скопје, 18 февруари 2020 (МИА) – Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји е оптимист дека Северна Македонија и Албанија ќе ги испорачаат реформите потребни за зачленување во Европската Унија.

– Двете земји не се откажуваат од реформите… и ќе видите дека тие ќе испорачаат, и ако го сторат тоа, можете да бидете уверени дека ќе има отворање преговори, рече Вархеји, додавајќи дека е многу охрабрен од посетата на Северна Македонија и Албанија минатиот месец.

Нагласи дека „се нуди членство, ништо друго“.

Коментарите на Вархеји доаѓаат откако францускиот претседател Емануел Макрон, кој во октомври го блокираше отпочнувањето преговори со Скопје и Тирана, минатата недела рече дека има волја да даде зелено светло за двете балкански земји да почнат преговори, доколку извештаите на ЕК, што се очекуваат во првите денови на март, се позитивни за овие две земји.

Вархеји во почетокот на овој месец предложи на земјите-членки на ЕУ да им се даде можнсот да го одложат или да го вратат процесот на пристапување или да ги принудат земјите кандидати повторно да ги почнат преговорите во одредени политички области. нд/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ