Утрински Весник
Македонија

До 10 март ВМРО-ДПМНЕ ќе ги објави кандидатските листи за изборите на 12 април

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа неуставен закон за јавно обвинителство

Скопје, 18 февруари 2020 (МИА) – До 5 март ВМРО-ДПМНЕ се очекува да ги објави имињата на носителите на кандидатските листи во шесте изборни единици во земјата за претстојните предвремени парламентарни избори, додека останатите имиња од листите не подоцна од 10 март изјави денеска лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

– Најголем дел луѓе за првпат би се нашле на листи, но ќе има и такви чие што искуство е потребно во рамките на пристојно функцонирање во Парламентот, изјави Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го оцени функционирањето на техничката Влада и однесувањето на Владата пред да биде именувана техничката како исклучително нефер и недостоинствено во процесот на спроведување фер и демократски избори. Но, потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ не се жали. – Напротив, и покрај сите предизвици како злоупотреби во Буџетот, вештачки вработувања и натрупувања во државната администрација, се уште замрзнатиот имот на партијата, неисплатеното со закон загарантирано финансирање на политичките партии, ВМРО-ДПМНЕ е убеден во мудроста на граѓаните и во огромна победа на 12 април, додаде тој.

Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање го повтори повикот за ТВ дуел до лидерот на СДСМ Зоран Заев.

-ТВ Дуелот е добра алатка за да се соочиме пред граѓаните, двајцата кандидати за мандатари во идната влада, логично е да имаме едно изборно соочување. За време на изборите претпоставувам дека ќе имаме и други можности да поразговараме за понудата, но добро е да направиме еден рекапитулар на годината што поминала. Го повикувам да не се крие, да излезе и да поразговараме пред граѓаните околу реалната ситуација, дали блескаме, или сме во мизерија, дали вистина оди напред по правиот пат или на државата и треба обнова од овој пекол што го направија, рече Мицкоски на прес-конференција. ев/ац/

Прес конференција на Христијан Мицкоски

Posted by MИА.mk on Вторник, 18 февруари 2020

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кешишев со нова шокантна изјава: Палчо го натерал да го напише писмото во кое тврди дека не е виновен

Возилото било кај зградата на Вања три дена пред грабнувањето, вели сведокот на денешното рочиште

Следните неколку денови стабилно, па повторно промена и дожд