Утрински Весник
Македонија

Концертни пијана за Центарот за култура и училиштата во Кичево од печалбари од САД

Концертни пијана за Центарот за култура и училиштата во Кичево од печалбари од САД
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кичево, 18 февруари 2020 (МИА) – Печалбари од Кичевско кои живеат и работат во САД  им подарија нови концертни пијана од марката „Каваи“ на Центарот за култура во Кичево и на шест основни училишта.

Мазлам Османи, директор на НУ Центар за култура во Кичево, изјави дека печалбари од кичевскиот регион, кои подолг период живеат и работат во САД,  ги подариле инструментите од јапонско производство и имаат првокласен звук.

– Пијаното е поставено на сцената во големата сала и ќе им биде на располагање на уметниците од градот, како и на гостите кои ќе настапуваат во нашиот Центар за култура. Познато е дека нашиот град изобилува со голем број музички таленти, изјави Османи.

Општина Кичево помогна да се помине без проблеми постапката за царинење на пијаната. рз/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ испрале два милиони евра преку наместен тендер во АД ЕСМ

Се бара притвор за странскиот државјанин кој нападна полицаец во Градски парк

Денеска треба да се избере ВД Јавен обвинител