Утрински Весник
Македонија

Општина Ново Село продолжува со делење канти за отпад за секое домаќинство

Општина Ново Село продолжува со делење канти за отпад за секое домаќинство

Струмица, 18 февруари 2020 (МИА) – Општина Ново Село продолжува со акцијата „Канта за отпад за секое домаќинство“, која започна во септември минатата година. Преку грант од проектот за подобрување на општинските услуги, спроведeн од Министерството за финансии, набавени се 2.039 пластични канти.

Проектот е финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој, а се спроведува како дел од активностите на општината да ги ублажи последиците и да го намали загадувањето.

-Општина Ново Село во соработка со ЈПКД „Комуна“ во наредниот период ќе ги посети сите населени места и ќе се доделуваат кантите, а за оние граѓани кои немаат склучено договор со комуналното претпријатие веднаш ќе склучуваат и договори, информираат од локалната самоуправа.

Општината апелира до граѓаните да не фрлаат отпад на јавни површини и да создаваат диви депонии, а секое прекршување најстрого ќе се казнува.рт/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Апасиев и Мециновиќ на средба со граѓаните и градоначалникот на Крива Паланка, Митовски: Вмровскиот терор врз градот мора да заврши

Спортска сала, мамограф и патни инвестиции – премиерот Мицкоски најави нови проекти за Делчево и регионот

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб