Утрински Весник
Македонија

Се враќа слатководниот рак во Охридското Езеро

Се враќа слатководниот рак во Охридското Езеро

Членовите на нуркачкиот клуб „Акватек“ за време на едно од зимските нуркања, открија нови примероци слатководен рак, којшто е редок вид, во водите на Охридското езеро.

Од „Акватек“ информираат дека колониите се откриени на 10 метри длабочина. Овие прастари жители на Охридското Езеро пред три децении беа на раб на исчезнување поради чума која беснеела во сите слатки води низ цела Европа.

Најраспространет е Европскиот слатководен рак „Astakus astakus“, кој може да се сретне насекаде во Охридското Езеро. Овој рак преферира меко дно со малку песок. Тој копа тунели на дното и претежно влезот му е под некој камен или карпа. Излегува и се храни ноќе.

Локацијата каде е откриена една од колониите е на потегот Потпеш/Канео на 600 метри од брегот на длабочина од 10 метри и температура од 7 степени, посочува нуркачкиот клуб „Акватек“.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Над 2600 примерока од Правописот 7 години ,,скапуваат” во несоодветни услови – Левица бара одговорност за неодговорните

Алијансата за Албанците го исклучи Мухсин Арифи од партијата поради сомнежи за мито

ВМРО-ДПМНЕ: Членовите на Судски совет со изгласана недоверба, наместо да поднесат оставки, оправдуваат пресуди од две години затвор за убиство на млада девојка на пешачки