Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Димитров во посета на Шпанија, на маса и ратификација на Пристапниот протокол за НАТО

Димитров за МИА: Законот за ЈО пред избори тест за сите дали фактички или само декларативно се за ЕУ
300x250 opst2

Скопје, 18 февруари 2020 (МИА) – Шефот на дипломатијата Никола Димитров утре ќе престојува во работна посета на Кралството Шпанија, на покана на министерката за надворешни работи, ЕУ и соработка, Аранча Гонзалес Лаја.

Како што соопшти МНР, на агендата на разговорите на двајцата министри ќе се најдат прашањата за заокружувањето на процесот на ратификација на Пристапниот протокол за членство на нашата земја во НАТО, од страна на шпанскиот Парламент, соработката во рамките на евро-интегративниот процес на Република Северна Македонија, како и тековната состојба и перспективите за унапредување на севкупните билатерални односи.

Во рамките на посетата на Мадрид, министерот Димитров ќе се сретне и со претседателот на Долниот дом на шпанскиот Парламент, Меричел Батет.

Собранието на РСМ поради распуштање за предвремените парламентарни избори минатата недела предвреме го усвои протоколот за членство на државата во НАТО, а ратификацијата почнува да важи по објавата во „Службен весник“ откога шпанскиот парламент ќе ја изгласа како последна 29-та членка на НАТО. Со тоа ќе се заокружи процедурата и државата ќе стане 30-та полноправна членка на алијансата. вг/са/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Највозрасниот кандидат за советник во Општина Битола има 97 години

Ако не биде исплатена августовската плата, од понеделник вработените во „Флораком“ и „Луна“ повторно на протест

Царинска управа: Запленети средства за ветробрани, фалсификати, автоделови, кафе, цигари, алат, облека