Утрински Весник
Македонија

Димитров во посета на Шпанија, на маса и ратификација на Пристапниот протокол за НАТО

Димитров за МИА: Законот за ЈО пред избори тест за сите дали фактички или само декларативно се за ЕУ

Скопје, 18 февруари 2020 (МИА) – Шефот на дипломатијата Никола Димитров утре ќе престојува во работна посета на Кралството Шпанија, на покана на министерката за надворешни работи, ЕУ и соработка, Аранча Гонзалес Лаја.

Како што соопшти МНР, на агендата на разговорите на двајцата министри ќе се најдат прашањата за заокружувањето на процесот на ратификација на Пристапниот протокол за членство на нашата земја во НАТО, од страна на шпанскиот Парламент, соработката во рамките на евро-интегративниот процес на Република Северна Македонија, како и тековната состојба и перспективите за унапредување на севкупните билатерални односи.

Во рамките на посетата на Мадрид, министерот Димитров ќе се сретне и со претседателот на Долниот дом на шпанскиот Парламент, Меричел Батет.

Собранието на РСМ поради распуштање за предвремените парламентарни избори минатата недела предвреме го усвои протоколот за членство на државата во НАТО, а ратификацијата почнува да важи по објавата во „Службен весник“ откога шпанскиот парламент ќе ја изгласа како последна 29-та членка на НАТО. Со тоа ќе се заокружи процедурата и државата ќе стане 30-та полноправна членка на алијансата. вг/са/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицотакис: Новата Влада да го користи само името Северна Македонија во и вон земјата, во спротивно ќе има проблеми во односите и со Грција и со Европа

Предложен притвор за осомничен за двојно убиство во Стајковци

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај – Меѓународниот ден музеите