Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Делегација на Вооружените сили на Италија во посета на земјава

Реакција од Министерството за одбрана на изјавата на Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ
300x250 opst2

Скопје, 18 февруари 2020 (МИА) – Делегација на Вооружените сили (ВС) на Република Италија, предводена од началникот на ГШ на ВС, генерал Енцо Вичијарели, престојува во дводневна официјална посета на Република Северна Македонија.

Генерал Вичијарели денеска во Министерството за одбрана и Генералштабот ќе оствари средба со својот домаќин, началникот на ГШ, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Главни теми на средбата ќе бидат унапредување на билатералната воена соработка, трансформација на Армијата на Република Северна Македонија и искуствата од учеството во меѓународните мисии.

По активностите во Генералштабот, генералот Вичијарели ќе оствари средба со претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. сст/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

30 години од атентатот врз претседателот Глигоров

Поради врнежи од снег забрана за тешки товарни возила на патот Дебар – Маврово

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка