Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Мерцедес не ја затвора вратата за Верстапен и Леклер

Ботас најбрз на тренинзите во Јапонија
300x250 opst2

Бракли, 17 февруари 2020 (МИА) – Сè додека имаме доволно брз автомобил, што е нашата цел, ќе можеме да избираме пилоти, кои сакаме

Ова го објави шефот на Мерцедес, Тото Волф и со тоа ја остави вратата отворена за евентуално вклучување на Макс Верстапен и Шарл Локлер во иднина, иако сега и двајцата млади пилоти се обврзани со долгорочни договори со Ред Бул и Ферари.

– Би бил изненаден доколку двајцата гарантирале да останат во своите тимови 5 години и ја затворат вратата на другите екипи. Честопати договорите се многу покомплексни отколку што се претставува во медиумите, рече Волф, дефинитивно навестувајќи дека и двајцата имаат клаузули што им овозможуваат да заминат рано.

Луис Хамилтон и Валтери Ботас остануваат со „сребрените стрели“ претстојната сезона, а Британецот се очекува повторно да потпише за уште најмалку 2 години, додека иднината на Финецот не е сигурна.

– Сè додека имаме доволно брз автомобил, што е нашата голема цел, ќе бидеме во ситуација што ќе ни овозможи да ги избираме пилотите. Имаме и некои млади и перспективни играчи, како што се Џорџ Расел и Естебан Окон, кои исто така се исклучително брзи и ние сме многу задоволни од нив, додаде тој.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН