Утрински Весник
Спорт

Гвардиола: Ќе го водам Манчестер Сити и во Лига 2

Гвардиола повторно незадоволен од ВАР

Манчестер, 17 февруари 2020 (МИА) – Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека нема да го напушти „Етихад“ дури и ако тимот испадне во Лига два, четврто ниво на англискиот фудбал.

„Граѓаните“ се соочуваат со таква закана заради финансиски измами. Тие веќе се отстранети две сезони од Лигата на шампионите,но ќе ја обжалат казната до Арбитражниот спортски суд во Лозана.

– Вокоја лига и да играме, јас ќе бидам тука. Дури и ако не испратат во Лига 2, јас сепак ќе бидам тука. Сега е време да се обединиме, изјави Гвардиола пред фудбалерите, тврди „Скај Спортс“.

Главниот извршен директор Феран Сориано додаде: „Оваа казна ќе отпадне“.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ѓоковиќ казнет поради недолично однесување

Ѓоковиќ повторно покажа шампионски карактер, во полуфинале го чека Синер

Роналдо го одигра последниот натпревар на Светско првенство