Утрински Весник
Македонија

Марш „Чекориме за правда“

Марш „Чекориме за правда“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 17 февруари 2020 (МИА) – СДСМ вечерва во Скопје организира Марш под мотото „Чекориме за правда“ со заложба за градење силно, независно и професионално обвинителство и судство.

Граѓанскиот марш почна пред Собранието на Република Северна Македонија, а ќе заврши пред комплексот судови во Скопје, каде ќе се обрати лидерот на СДСМ Зоран Заев.

– Ве повикувам сите правдољубиви луѓе пред Собранието на Република Северна Македонија, да чекориме во име на правдата. Ве повикувам да се приклучите кон Маршот „Чекориме за правда”. Заедно да чекориме од местото каде се изгласа Законот за јавно обвинителство – од Собранието, до местото каде треба да ги видиме конечните правни разрешници – судот!, напиша вчера Заев на својот фејсбук профил во повикот до граѓаните. сст/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Николоски: Покажавме како се чува националното единство, да се бориме за нашите интереси без да виткаме кичма 

Пожар во зграда во Штип, две лица завршија во болница

Со остар предмет му се заканувал на градоначалникот на општина Желино