Утрински Весник
Македонија

Јавна трибина за дигитализацијата се одржа во Битола

Јавна трибина за дигитализацијата се одржа во Битола

Скопје, 17 февруари 2020 (МИА) – Петтата по ред јавна трибина посветена на дигитализацијата се одржа денеска во Битола, на која се обратија министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.

Од Министерството за информатичко општество и администрација соопштија дека свој осврт дал и проректорот за настава на Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, проф. д-р Игор Неделковски.

На трибината, како што се посочува, станало збор за дигитализацијата на земјата, како и за нејзината улога во професионализацијата на јавната администрација. Посебен акцент бил ставен на Националниот портал за електронски услуги како електронска платформа достапна на https://uslugi.gov.mk, преку која на граѓаните им се овозможува да добијат информации за јавните услуги и да користат е-услуги од надлежни органи.

Во декември, 2019 година почна со работа ажурираната верзија на Националниот портал за електронски услуги, достапен на uslugi.gov.mk . Порталот е воспоставен и управуван од Министерството за информатичко општество и администрација, стои во соопштението. рп/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нови перспективи за новото лидерство – заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

И Извештајот на Европската комисија забележува – ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт, велат од Левица

Царинска управа: ЕК нотира добро ниво на подготвеност во спроведување на реформите во Поглавјето 29 – Царинска унија