Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Средното стручно училиште „Киро Бурназ“ од Куманово доби опрема за изведување практична настава

Средното стручно училиште „Киро Бурназ“ од Куманово доби опрема за изведување практична настава
300x250 opst2

Куманово, 17 февруари 2020 (МИА) – Кумановското средно училиште „Киро Бурназ“ доби стручна опрема во рамки на проектот на Министерството за образование и наука за набавка на стручна опрема за средните училишта во секторот земјоделство, рибарство и ветеринарство, соопштија денеска надлежните од училиштето.

-Нашето училиште минатата година уште во мај почна со прием на опрема која е донација од Министерството за образование и наука,  во рамки на проектот Скилс, финансиран од Европската унија. Проектот се однесува за опремување на училишта од земјоделско-ветеринарна струка со механизација и  машини кои се корисни во земјоделството. Тоа е еден дел од проектот, другиот дел е снабдување на училишта со ИКТ опрема, во рамки на овој проект ние добивме трактор, приклучни машини, мотокултиватор, сушара за овошје, метеролошка станица, добивме и смарт табла, 20 компјутери добивме лаптоп. Имаме еден проект во износ од 50.000 евра, изјави директорката на училиштето, Весна Трајковска.

Опремата е исклучиво наменета за учениците од земјоделско-ветеринраната струка, додека ИКТ опремата е наменета за учениците од останатите профили.

-Добивме и комплет инструменти кои се користат во хирургија при ветеринарството. Тоа е убава донација досега немаме такво нешто добиено. Навистина сме задоволни, ова е за прв пат да добиеме нешто што не сме го барале, а некој се сетил на нас и не снабдил со таа опрема. Професорите се обучени, ова е опрема која сите ја користат при практичната настава. Ние и пред да го добиеме овој трактор имавме наша механизација која ја користевме. Ова се разбира е голема работа, затоа што е ново, современо, сите се подготвени и може да ја користат, веќе еден дел од неа е ставен во функција, додаде Трајковска.

Во училиштето настава следат 475 на македонски и 54 ученици на албански наставен јазик во повеќе стручни профили агротехничар, техничар за агроменаџмент, техничар по ветеринарна медицина, техничар за фитофармација,  градинар, цвеќар од земјоделско ветеринарната струка. Во училиштето има и прехранбена, хемиско-технолошка и машинска струка со повеќе профили. ам/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Возеле цик-цак, полицијата им нашла 110 грама кокаин – Две лица од Брвеница осомничени за трговија со дрога

„Газат кал, немаат вода“ СДСМ најавува нов почеток за Куманово со Мартин за градоначалник

Прегазени две девојчиња на 12 и 13 години: тешка несреќа во Скопје