Утрински Весник
Економија

Производството е ограничено поради недостиг на квалификувана работна сила

Производството е ограничено поради недостиг на квалификувана работна сила
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

(META) Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јануари 2020 година е зголемен за 0,4 процентни поени во однос на декември 2019 година и изнесува 22,6, а во однос на јануари 2019 година е зголемен за 2,5 процентни поени, објави Државниот завод на Македонија (ДЗС).

При тоа, најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила, со 25,6 отсто, недоволната странска побарувачка со 17,5 отсто, недоволната домашна побарувачка со 14,9 отсто и неизвесното економско опкружување со 12,5 отсто.

Според ДЗС, состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јануари годинава, во однос на декември 2019 година, е поповолна, исто како и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци, во однос на претходниот месец, додека залихите на готовите производи се непроменети.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јануари 2020 година е нешто подобра во споредба со претходниот месец, како и во однос на јануари 2019 година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јануари 2020 година изнесува 71,1 %.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Николовски: Во 2025та наплативме 2,14 милијарди евра – во Буџетот се слеале 105 милиони евра повеќе од 2024та

Дурмиши: Новите закони носат удар врз сивата и силна поддршка на формалната економија

УЈП: Потпишан трипартитен договор за целосна примена на Законот за работно ангажирање на лица