Скопје, 17 февруари 2020 (МИА) – Пред седиштето на НАТО се прават последните подготовки за подигнување на знамето на Северна Македонија како 30. членка на Алијансата, објавија на Фејсбук министерката за одбрана Радмила Шекеринска и заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски.
– Последни подготовки пред седиштето на НАТО за подигање на нашето знаме. Стануваме 30та земја членка на најсилната воено политичка Алијанса! Тоа е причина за заедничка гордост!, напиша Шакеринска.
НАТО се подготвува за македонското знаме, објави заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски.
-Може ли да се биде рамнодушен на оваа денешна сцена пред седиштето на НАТО?
Во моментов се одвиваат активности за поставување на македонското знаме и другите пригодни обележја за новата, 30-та земја членка на Северноатланскиот сојуз. Сонот на сите претходни и сегашни генерации станува реалност, државата добива стабилна и просперитетна иднина. Успеавме, напиша Жерновски. ев/са/
Posted by Andrej Zernovski on Понеделник, 17 февруари 2020