Утрински Весник
Македонија

Општина Градско доби специјализирано возило, донација од Јапонската амбасада

Општина Градско доби специјализирано возило, донација од Јапонската амбасада

Велес, 17 февруари 2020 (МИА) – Општина Градско од Јапонската амбасада доби донација, специјализирано возило – трактор  (Kubota) со додатна механизација (хидраулична предна даска за снег, расфрлувач на сол, приколка, заден утоварач скип за трактор и мулчар).

Како што информираат од Општина Градко, вредноста на ова возило е 40.178 евра, донација од Јапонската амбасада преку Проектот за подобрување на основните јавни услуги на општина Градско на ЈКП „Клепа“ од Градско.

– Ова е прва донација за Општина Градско со која во многу  ќе се подообри работењето на ЈКП „Клепа“, а  посебно при зимски услови со снег, потенцираат од Општина Градско. ад/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски со поголема плата од премиерите на Србија, Црна Гора, БИХ и Косово

Гир: Во Брисел нема волја за менување на Преговарачката рамка

123 санкционирани возачи во Скопје, 37 за брзо возење