Утрински Весник
Македонија

Пуштен во употреба билетот за едно возење

Пуштен во употреба билетот за едно возење

Скопје, 17 февруари 2020 (МИА) – ЈСП Скопје денеска соопшти дека е пуштен во употреба билетот за едно возење што може да се набави во сите возила и во билетарниците на ЈСП Скопје.

– Билетот чини 50 денари, согласно одлуката на Советот на Град Скопје за изменување и дополнување на Одлуката за Интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во градот Скопје. Билетот е наменет за еднократна употреба, хартиен е со вграден безконтактен чип, изработен со највисоки безбедносни стандарди, компактибилен со постоечката опрема, односно се валидира безконтактно на постоечките валидатори, наведоа од ЈСП Скопје.

Од Претпријатието изразија уверување дека со воведувањето на билетот за едно возење значително ќе се олесни јавниот превоз за граѓаните кои ретко го користат или се од градовите од внатрешноста, олеснителна околност ќе биде за странци, и воопшто за сите оние кои не се во можност или не сакаат да ги користат опциите за користење јавен превоз со „Скопска“ или мобилен телефон. см/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Средба Сали – Лосон, истакнато значењето на стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Миноски: Политиката денес е сведена на „приватна фирма“ за лични интереси

Претставата на Драмски театар „Мачкина глава“ ќе го отвори јубилејниот, 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп