Утрински Весник
Спорт

ФИБА ја казни Болоња со 250.000 долари

ФИБА ја казни Болоња со 250.000 долари

Минхен, 16 февруари 2020 (МИА) – Екипата на Виртус Болоња е казнета со 250.000 долари за намерата да направи трансфер од Лигата на шампиони на ФИБА во Еврокупот на ривалската кошаркарска организација ЕЦА под чија капа е Евролигата.

По финансиските проблеми во кои западна, италијанскиот клуб реши да атакува на „А“ лиценца што ќе му овозможи настап во елитната Евролига, а тоа воопшто не е по мерка на челниците на ФИБА кои во таквата амбиција на некогашниот европски првак гледаат „предавство“.

Со изречената казна, ФИБА упати предупредување и до останатите клубови за третманот што би го добиле доколку се решат да одат по стапките на Виртус Болоња. сѓд/ми/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Данска противник на македонската репрезентација во полуфиналето на плејофот за СП 2026

Во Цирих ќе бидат извлечени двојките за плејофот за СП 2026

Почнува кампања против дискриминација во фудбалот