Утрински Весник
Македонија

Седницата за распуштање на Собранието почна, па беше прекината

Седницата за распуштање на Собранието почна, па беше прекината

Скопје, 16 феваруари 2020 (МИА) – Собранието ја почна 137. седницата на која требаше да биде распуштено, но спикерот Талат Џафери ја прекина.

Причина за прекинувањето, како што објасни, е барањето на координаторите на пратеничките групи на СДСМ и ДУИ да се одржи 131. седница и да се донесат законите за аудио и аудио-визуелни услуги, за лични податоци и за изменување на Законот за Инспекторатот за употреба на јазиците.

-Тоа е барање и на ВМРО-ДПМНЕ по однос на законот за аудио и аудио визуелни услуги, рече Џафери и им порача на службите да го подготват потребниот материјал за 131. седница.

Собранието претходно ги донесе и законите за јавно обвинителство, како и измените на законите за Совет на јавни обвинители и за одбрана. На гласањето за измените на законите за Совет на јавни обвинители и за одбрана пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не учествуваа. мч/бак/

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Возач тешко повреден откако со „Фиат“ излетал кај ГП Дојран

Граѓани поднесоа кривична пријава против Зоран Витанов за „Мајворлд“

Брачен пар физички нападнат во подземна гаража во Центар