Утрински Весник
Македонија

Донесени измените на Законот за одбрана

Донесени измените на Законот за одбрана

Скопје, 16 февруари 2020 (МИА) – Со вкупно 80 гласови „за“ и нути еден против, Собранието денеска во рамки на 123. седница го донесе Дополнетиот предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за одбрана.

Претходно, во рамки на 135. седница беа донесени Законот за јавно обвинителство, како и Законот за изменување и дополнување на Законот за Совет на јавни обвинители.

При донесувањето на законите за изменување на законите за Совет на јавни обвинители и за одбрана, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не беа присутни.

Во тек е 137. седница на која Собранието треба да се распушти во пресрет на изборите закажани за 12 април. мч/бак/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Денеска се празнува света великомаченик Мина

СДСМ ќе го одржи 30-тиот конгрес

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“