Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара од Пендаровски да не го потпишува законот за ЈО

ВМРО-ДПМНЕ бара од Пендаровски да не го потпишува законот за ЈО

Скопје, 16 февруари 2020 (МИА) – Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ попладнево од Собранието побара од претседателот на државата Стево Пендаровски да не го потпишува Законот за јавно обвинителство кој според нив е донесен нелегално.

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на прес-конференција рече дека она што се случило денеска на пленарната седница е погазување на демократијата и спротивно на одредбите на Деловникот за работа.

– Ова е авторитарно владеење на дело. Ова веќе не е демократија. Одлуката на Собранието е неделовничка и противзаконита. Ваков закон, кој не е донесе,  не смее да биде потпишан од претседателот Пендаровски и го повикауваме да не дава легитимитет на вакво брутално кршење на зкаоните и процедурите, истакна Мицевски.

ВМРО-ДПМНЕ, како што рече Мицевски, ќе останат во Собранието и ќе присуствуваат само на седницата на која ќе се одлучува за распуштање на овој парламентарен состав.

– Очекуваме денес да има распуштање на Собранието. Ќе бидеме присутни во Собранието, а не во салата. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе влезе во салата кога ќе се гласа за распуштање на Собранието, рече Мицевски, додавајќи дека сето ова што го прави СДСМ е бегство од избори. бак/см/ 

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Возач тешко повреден откако со „Фиат“ излетал кај ГП Дојран

Граѓани поднесоа кривична пријава против Зоран Витанов за „Мајворлд“

Брачен пар физички нападнат во подземна гаража во Центар