Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Во Истибања одбележана годишнината од Февруарскиот поход

Во Истибања одбележана годишнината од Февруарскиот поход
300x250 opst2

Кочани, 16 феврури 2020 (МИА) – Во организација на Општинскиот одбор на Сојузот  на борци од Виница, денеска во селото Истибања се одржа централната манифестација за одбележување на 76-годишнината од Февруарскиот поход.

На настанот присуствуваа членови на здруженијата на борците од земјава, претставници на локалните самоуправи од регионот, армиски старешини и граѓани, а поздравен говор одржа претседателот на виничката боречка организација Огњан Спасевски.

Секретарот на Општинската организација на борци од Виница, Тодор Димитров посочи дека  офанзивните дејства што ги презеле партизанските баталјони во централниот, западниот и во источниот дел на земјава  придонеле за создавање на првите слободни територии на македонско тло, а подоцна и за одржување на првото заседание на АСНОМ.

– Во источниот регион битките се воделе на падините на Беласица, Плачковица и Осогово, а борбата се разгорела пред преминувањето на Брегалница, кај селото Пеклани и на Калиманско Поле. Затоа, должни сме на борците кои дале придонес за денешната слобода, при што дел од нив ги загубиле и животите, да им оддадеме почит и да упатиме благодарност за нивната жртва, рече Димитров.

На свеченоста беше организирано и импровизирано пристигнување на партизански баталјон, а на повеќе здруженија, локални институции и поединци им беа доделени благодарници за придонесот во зачувувањето и одбележувањето на важните датуми од македонската историја.

Во рамки на програмата се одржа и концерт на народни песни и ора на кој настапија членовите на фолклорниот ансамбл „Китка“ од Истибања. та/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Судски совет го разреши судијата Енвер Беџети

Министерство за спорт или децентрализација на спортот, прашање е сега

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник