Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 16 февраури 2020

На 16.02.2020 во 02.00 часот, полициски службеници на СВР Скопје на ул.„Бутелска“ го лишиле од слобода М.С.(55) од Скопје, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 15.02.2020 во 15.20 часот, полициски службеници на СВР Скопје, во реонот на Гази Баба, ја лишиле од слобода Х.Р.(32) од Гостивар, со привремено живеалиште Скопје, затоа што при преглед кај неа била пронајдена прашкаста материја. Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 15.02.2020 во 23.45 часот, полициски службеници на СВР Струмица, на место викано „Бел рај“, атар на с.Миравци, гевгелиско, од слобода ги лишиле С.К.(40) од с.Удово, гевгелиско, С.Д.(39) и М.Р.(38), двајцата од с.Миравци, затоа што при преглед кај С.К. била пронајдена марихуана, а С.Д. и М.Р., поради сомнение за сторено кривично дело по член 216 од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 15.02.2020 во 22.15 часот во Полициската станица Тетово бил приведен и задржан Ф.С.(18) од Косово, поради нерегулиран престој во Р.С.Македонија. Исто така, при преглед кај него бил пронајден нож, кој бил одземен. За настанот бил известен јавен обвинител.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 15-годишник од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 14.10.2019 во градинка на зелениот пазар во Куманово, полициски службеници, при преглед на пријавениот, пронашле и одзеле марихуана.

На 15.02.2020 во 07.40 часот на магистралниот пат Струмица – Ново Село, кај „Робовска крстосница“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „тојота авенсис“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Ѓ.С.(27) од с.Турново, струмичко, патничко возило „шевролет матиз“, со струмички регистарски ознаки, управувано од К.Ѓ.(64) од с.Босилово, струмичко, и патничко возило „рено твинго“, со струмички регистарски ознаки, управувано од В.А.(61) од Струмица. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил В.А. и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош, додека со телесни повреди се здобиле Ѓ.С. и К.Ѓ.. увид на местото извршила екипа од СВР Струмица. За време на увидот од 08.00 до 12.00 часот собраќајот бил во прекин во двата правца.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.А.(60) од с.Просениково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 02.09.2019 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во с.Просениково, при што пронашле и одзеле марихуана, хашиш и делови од растение Cannabis.

На 15.02.2020 во 14.00 часот во Полициската станица Карпош, С.Л.(38) од Скопје пријавил дека на ул.„Франце Прешерн“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница. миа/миа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри