Утрински Весник
Македонија

Дехари го прифати барањето на жителите од кичевските села

Дехари го прифати барањето на жителите од кичевските села

Кичево,16 февруари 2020 (МИА) – Градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари го прифати барањето на жителите од селата Гарани – Стелци, Шутово, Премка и околните населени места, да не се фрла отпад во овој регион.

Жителите претходно три дена протестираа зашто на разни локации и во близина на нивните домови се фрлаше отпад од ЈКП „Комуналец” – Кичево, меѓу кој и оној собран од јамите од кои претходно бил исцрпен јагленот за потребите на рудникот „Осломеј”.

Дехари им ја соопшти одлуката на жителите синоќа, на средба во село Гаранти. рз/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маж од Гостивар демнел 15-годишно девојче

Соработката со Словачка тема на средбата на Савески со Хрицова

Савески и Палминтери на средба за зајакнување на соработката во владеењето на правото