Утрински Весник
Македонија

Трибина „Жената во македонскиот филм“

Трибина „Жената во македонскиот филм“

Скопје, 16 февруари 2020 (МИА) – Во рамки на годишната ревија на македонски филмови „Златна рамка 2020“ денеска во кино „Фросина“ ќе се одржи трибина „Жената во македонскиот филм“.

На трибината ќе се разговара за улогата и статусот на жените вклучени во сите сегменти на реализација на еден филм. Се очекува да се отворат прашањата за тоа колкава е застапеноста на жените во домашната кинематографија, дали жените продуцентки заземаат доволно место во филмската индустрија, колку во сценаријата се потенцираат сите идентитети на еден женски карактер ….

Најавени се обраќања на актерките Наталија Теодосиева и Кристина Леловац, костимографката Емилија И.Атанасовска, како и на режисерот Даријан Пејовски и актерот Перо Арсовски. бак/мч/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Маж натепан и ограбен од жена во струшко село

СДСМ: На кого Мицкоски му ги поклонува водата, земјата и струјата за дата центри?

АА: Зошто се молчи за децата примени во тетовската болница?