Гостивар, 15 февруари 2020 (МИА) – Монтажното лизагалиште кое во јануари беше пуштено во употреба, не функционира заради неповолните временски услови, поточно заради високите температури, информираат од Општина Гостивар во одговорот на обвинувањата на локалниот огранок на ДУИ.
Од локалната самоуправа наведуваат дека типот на лизгалиште кое е поставено во Гостивар, близу до спортската сала „Младост“, е така проектирано и може да биде функционално само кога дневните максимални температури се под 8 степени целзиусови.
– За наша среќа или несреќа, такви температури во текот на зимава имавме само малку, а во тие неколку дена лизгалиштето не само што беше функционално, туку го користеа голем број млади и деца во придружба на нивните родители. Неаргументирани се и обвинувањета дека лизгалиштето намерно не се става во употреба за да можат да се паркираат возила. Тоа е сосема нелогично, бидејќи површината што ја зазема лизгалиштето, без разлика дали е таа во функција или не, не може да биде користена за паркирање, велат од Општина Гостивар
За обвинувањата од огранокто на ДУИ, дека исчезнале лизгалките со кои Агенцијата за млади и спорт ја снабди спортската сала Гостивар, локалната самоуправа ги отфрла и ги квалификува како нетпочни.
– Им даваме до знаење и на нив и на секој што барем малку се сомнева дека тие се наоѓаат во просториите на спортската сала и секој што сака може да се увери во тоа, потенцираат од Општина Гостивар
Оттаму информират дека ниту едно од осумте лизгалишта во другите градови во земјава не било функционално во топлите денови и нагласуваат дека едно такво оддалечено на 25 километри, во Тетово, не е искористено ниту еден миг, но со оваа Општина, како велат гостиварските локални власти, раководи една од најекспонираните кадри токму на партијата која неосновано обвинува.
Од Општина Гостивар наведуваат дека според прогнозите на синоптичарите, температурите ќе се спуштат од среда и лизгалиштетто ќе биде повторно ставено во функција.згм/см/