Утрински Весник
Македонија

Шехпаска: Со разрешувањето на Мизрахи, Собранието го одбрани Уставот и интересите на граѓаните

Шехпаска: Со разрешувањето на Мизрахи, Собранието го одбрани Уставот и интересите на граѓаните

Скопје, 15 февруари 2020 (МИА) – Со разрешувањето на сега веќе поранешната министерка Рашела Мизрахи заштитен е Уставот, правната држава, интересите на граѓаните, на стечајците, заштитена е интеграцијата во НАТО и европската перспектива на земјата, рече денеска на прес-конференција пратеничката од СДСМ, Јагода Шахпаска.
Додаде дека Северна Македонија е 30-та земја членка на НАТО и на чекор до преговори со ЕУ и оти никој не смее да го крши Уставот и да се обидува да ја врати земјата назад во изолација, да ја оддалечи од НАТО и ЕУ заради туѓи или партиски интереси.
-Владеењето на правото и правната држава подразбира одговорност и одговорност мора да има. Сите членови на Владата мора да ги почитуваат Уставот и законите и мора да работат во интерес на граѓаните и државата. Заштитени се и интересите на стечајните работници, истите оние за кои таа даде негативно мислење и заедно со Владимир Ѓорчев не дозволуваше да се прошири опфатот на стечајци кои добиваат месечен надомест, рече таа.
Да не ни помислува извршителот Мицкоски, како што истакна Шехпаска, да злоупотребува пол, национална, етничка припадност, висина, како што тоа го направија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, осомничените Милошоски и Димовски.
-Тие навреди и лаги полни со насочена омраза на национална, етничка, физичка и родова основа кои ги искажа ВМРО-ДПМНЕ во Собраниската сала и преку медиумите под нивна контрола покажува колку се во паника извршителите на Груевски.Пред Уставот и законот сите се исти, истакна таа. см/дма/

Posted by MИА.mk on Сабота, 15 февруари 2020

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме