Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Гасол не размислува за пензија и сака да игра во Токио

Гасол не размислува за пензија и сака да игра во Токио
Img 7972

Мадрид, 15 февруари 2020 (МИА) – Кошаркарот По Гасол летоска потпиша договор со Портланд, но набрзо стана јасно дека разделбата е неминовна. Шпанецот од тогаш е без ангажман, во меѓувреме имаше понуда од Барселона, меѓутоа беше цврсто решен да остане во САД со намера да издејствуива нов НБА договор.
Тоа создаде впечаток дека Гасол би можел наскоро да објави крај на кариерата што, сепак, не е опција за извонредниот кошаркар. Сега порача дека негова цел е настап на летните Олимписки игри во Токио и ако се оствари таквата желба, тоа ќе биде петти настан на кој ќе учествува по Атина, Пекинг, Лондон и Рио де Жанеиро.
– Заздравувам. Тоа е мојот статус. Фокусиран сум на санација на повредата на стопалото и да се вратам на терените, рече 39-годишниот Гасол. сѓд/ми/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН