Утрински Весник
Македонија

Обука како партиите повеќе ги вклучат лицата со хендикеп во политичкиот живот

Обука како партиите повеќе ги вклучат лицата со хендикеп во политичкиот живот

Тетово, 15 февруари 2020 (МИА) – Во Тетово се одржува три дневна обука за претставници на политички партии со цел подигнување на нивните капацитети за зголемување на бројот на лицата со хендикеп во политичкиот живот. Организатори на обуката се „Полио Плус-Движење против хендикеп“ и Вестминстер фондацијата за демократија.

-Обуката е резултат на декларацијата за политичко учество кое нашето Собрание го донесе мината година на 23 декември. Во Тетово завршуваме третиот циклус на обуки каде работиме со политички партии со запознавање со одредбите на правата на лицата со хендикеп, начини и пристапи и нивните кампањи да бидат пристапи и достапни за заедницата со хендикеп но и мотивирање и подигнување на јавната свест кај нив за што е можно поактивно вклучување на самите лица со хендикеп, во нивните кампањи како идни кандидати за пратеници или можеби министри,советници претседатели на комисии, изјави Елена Кочовска.

Според неа политичките парти покажуваат поголема свесност и подготвеност за вклучување на заедницата со хендикеп.

-Покрај обуката со политичките партии во следниот период ќе работиме со претставници и членови со хендикеп од политичките партии низ една политичка академија за лица со хендикеп со цел да ги подигнеме капацитетите и вештините на лицата со хендикеп членови на политичките партии за нивно поефикасно и поефективно претставување пред јавноста но секако и запазување на принципите од правата на лицата со хендикеп, истакна Кочовска.

Конвенцијата за првата на лицата со хендикеп е донесена во рамки на Обединетите Нации од 2006 година. Македонското собрание го има ратификувано во 2011 година. ас/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсен гостиварец баран со потерница за издржување казна затвор

РКЕ утре ќе ја соопшти цената на парното

Пукал на семејна веселба и повредил три лица, приведен маж од кичевско