Утрински Весник
Македонија

Магла на Стража и на патниот правец Штип – Неготино

Намалена видливост на патните правци Страцин-Крива Паланка и Шипковица-Попова Шапка поради магла

Скопје, 15 февруари 2020 (МИА)  – Намалена видливост поради појава на магла од 50  до 70 метри има на планинскиот превој Стража и од 70 до 80 метри на патниот правец Штип – Неготино. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од дожд и снег со слаб интензитет се бележат во Крушево, Маврово и на планинскиот превој Стража, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, соопшти ЈП „Македонија пат“.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. Информираат дека нивните дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

За сите подетални информации граѓаните можат да се јават на дежурниот телефон 02/ 25 61 502 или на  веб-страница www.makedonijapat.com.mk мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Тиквеш“ прогласен за најдобар производител на вино од Македонија на престижниот Mundus Vini

Демаскирање на митот за „низок IQ“

Комеморација во Собранието за жртвите од пожарот во „Пулс“ – една година од трагедијата во Кочани