Утрински Весник
Македонија

Во Велешко закроени лозјата за св. Трифун

Во Велешко закроени лозјата за св. Трифун

Велес,  14 февруари 2020 (МИА) – Велешките лозари  и покрај врнежливото време по традиција и годинава ги закроија своите лозови насади на празникот на лозарите и винарите св. Трифун. Во присуство на свешетници од епархијата Повардарска поголема прослава во Велешко за св. Трифун и оваа година се одржа на  закројување на лозовите насади на  винарија „Шато Сопот“,  во непосредна близина во близина на велешкото езеро „Младост“.

Кристина Анѓелкова  раководител на Винарија „Шато Сопот“ за МИА информира  дека винаријата „Шато Сопот“ потекнува од 2007 година и се распостира  на површините на работната единица Сопот од  поранешен АК „Лозар“ од Велес.

Таа информира дека  капацитетот на Винаријата првично бил 35 илјади, а поради зголемените потреби на потрошувачите  сега  е зголемен на  100 илјади шишиња вино од  високо квалитетните сорти на грозје: „шардоне“,„кабарне совињон“,„ризлинг“ и „темјаника“.

Инаку виното е од  сопствено производство на лозовите насади  на Винаријата, а  кои се распортрани на 100 хектари површина и над 20 години се наведнуваат по системот капка по капка први во регионот.

Извозот им е дел во скандинавските, а дел во балканските земји, а најмногу се сконцентрирани на домашниот пазар.

-Во наредните пет години планираме да го зголемиме капациетот на Винаријата, а со цел целото наше  количество на грозје, кое го собираме од сопствените лозови насади и  да го собираме и преработуваме во нашата Винарија. Поради помал капацитет на нашата Винарија, сега преработуваме во вино само  од 30 до 50 проценти од нашето грозје, а  останатото го предаваме на други винарско – преработувачки капацитети во земјава,информира Анѓелкова. ад/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме