Утрински Весник
Спорт

Хрватот се нуди на Јуве: Пјаниќ е потценет, би сакал да играм со Роналдо

Барселона ја отфрли понудата на Јувентус за размена на Ракитиќ

Барселона, 14 февруари 2020 (МИА) – Иван Ракитиќ повеќе не е недопирлив во средниот ред на Барселона како што беше случај пред ангажманот на Френки де Јонг од Ајакс. Го напаѓа и возраста, па не е чудо што последните преодни рокови се поврзува со трансфер во Јувентус.

На таа тема, Ракитиќ говореше во интервјуто за американски „Бличер Рипорт“  и уште еднаш ги подгреа гласините за негова можна преселба на Апенините на лето.

„Миралем Пјаниќ, според мене, е еден од најпотценетите фудбалери на светот. Неодамна и Жозе Мурињо говореше за мене во тој контекст, но и Пјаниќ е во таа конкуренција“, изтакна меѓу другото Ракитиќ.

Тој веќе неколку сезони игра со Лионел Меси, но сега тврди дека би сакал да заигра и со најголемиот индивидуален ривал на Аргентинецот, Кристијано Роналдо.

„Меси е еден од најдобрите играчи на сите времиња и привилегија е да се биде со него во тим. Но, би сакал да заиграм и со Кристијано Роналдо, кој, исто така, е еден од најголемите имиња во историјата на фудбалската игра. Уживање е да се гледаат неговите настапи. И сами може да видите колку е важен за Јувентус“, рече хрватскиот репрезентативец. сѓд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Верстапен реагира на условите и правилата на спринт трките во Ф1

Затворски казни до 12 години побарани за медицинскиот тим на Марадона

Вардар ја пречекува Висла во обид да дојде до првите бодови сезонава во ЛШ