Утрински Весник
Економија

Закроено лозјето за св. Трифун во „Стоби“

Закроено лозјето за св. Трифун во „Стоби“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Велес 14 февруари 2020 (МИА) – По повод св. Трифун денеска беше направено закројување на виновата лоза во винаријата „Стоби“, која одбележува 11 години постоење.

-Овој ден за нас е посебен, на овие плантажи точно пред 11 години ја започнавме нашата винска приказна Стоби винарија. Денеска можеме да се пофалиме со пласман на домашните и светските пазари како Кина, САД, Русија и Европа. Самите награди и пофалници од еминентни вински критичари говорат за квалитетот на брендот, за кои сме на врвот заедно со нашиот тим, истакна сопственикот на винарија Стоби, Минчо Јорданов.

Винаријата исто така развива вински туризам преку вински тури, корпоративни услуги, специјални настани што ја издвојува од винариите од регионот.

-Нашата фамилија има визија за винаријата уште од самиот почеток се со цел денеска да се пофалиме дека годишно произведуваме 4,5 милиони литри висококвалитетно флаширано вино, од кое 70 отсто се извезува на странските пазари. Рамо до рамо сме со светските производители и тоа ни дава поттик постојано да инвестираме во иновации за производство на премиум, класик, традиционални и елитни вина за да бидеме конкуретни ширум светот, потенцира  Ана Јорданова, креативен директор во компанијата.

Изминататите 11 години Винарија  „Стоби“  учество на сите саеми, каде има освоено награди и признанија.ад/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Битиќи открива детали за буџетската дупка

Мицкоски најави две нови странски инвестиции во вкупна вредност од 80 милиони евра

„Алкалоид“ отвори нова микробиолошка лабораторија – инвестиција вредна 3,1 милион евра