Утрински Весник
Македонија

Ќе се набавуваат делови за поправка на мерниот инструмент за ПМ 10 и ПМ 2.5 во Ѓорче Петров

Ќе се набавуваат делови за поправка на мерниот инструмент за ПМ 10 и ПМ 2.5 во Ѓорче Петров

Скопје, 14 февруари 2020 (МИА) – Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека во тек е процедура за објавување тендер за набавка на делови со кои ќе се  поправи инструментот за симултано мерење на честичките ПМ 10 и ПМ 2.5 на мобилната мерна станица поставена во Ѓорче Петров.

Поради технички проблем мерниот инструмент не е во функција и е исклучен од  23 декември 2019 година.

– Со набавка на резервните делови, инструментот ќе се сервисира и калибрира и потоа ќе биде вклучен во системот, а податоците од мерењата од овој инструмент ќе бидат јавно достапни на веб-страницата за квалитет на воздухот  http://air.moepp.gov.mk, соопшти МТСП.  

Министерството додава дека мобилната мерна станица во Ѓорче Петров сега ги мери загадувачките супстанции SO2, NO-NOx-NO2, CO и О3. хс/скс/

 


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме