Утрински Весник
Македонија

Градежништвото лани договорило повеќе, а реализирало помалку градежни работи во странство

Во мај 222 градежни дозволи, предвидена изградба на 463 станови
Dik 300x250 mk

Скопје, 14 февруари 2020 (МИА) – Македонските градежни компании лани договориле градежни работи во странство во вкупен износ од 4,070 милијарди денари, што е за 231,9 отсто повеќе во споредба со 2018 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, градежната оператива лани во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 277,701 милиони денари, што е за 77,3 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Големиот пад на вредноста на извршените градежни работи се должи на завршувањето на градежните активности на објектите во Босна и Херцеговина кон крајот на минатата година. Зголемен обем на извршените градежни работи, пак, е забележан во Германија, Црна Гора и Бугарија. вј/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Најмногу дожд во Крушево, најмалку во Гевгелија

Евроамбасадорот Рокас во Собранието ќе го презентира Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија

Давкова за изјавата на Фон дер Лајен: На средбата кај мене не стана збор ниту за топка, ниту за двор