Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Скопјанец обвинет за кражба од службено возило на АД МЕПСО

Нова средба на работните групи за законот за јавно обвинителство
300x250 opst2

Скопје, 14 февруари (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 24 ноември минатата година го скршил предното стакло од возачката врата на автомобил „Мицубиши“, сопственост на АД МЕПСО, паркирано пред станбена зграда на булеварот „Јуриј Гагарин“ во Скопје. Од автомобилот одзел лаптоп и други предмети во вкупна вредност од 62.200 денари.

-Поради опасност од бегство, а особено имајќи го предвид фактот дека обвинетиот претходно повеќепати е осудуван за голем број кривични дела од имотен карактер, надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи да ја продолжи определената мерка притвор, соопшти службата за односи со јавност на Јавното обвинителство.лв/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МВР ја потврди тепачката во Виница: Кандидатот за советник е на скопските клиники

Во Маврово над 30 сантиметри снег, вработени во НП Маврово ги чистат паднатите дрвја на коловозите 

30 години од атентатот врз претседателот Глигоров