Утрински Весник
Македонија

Ученици од текстилното училиште со изложба во Уметничката галерија во Тетово

Ученици од текстилното училиште со изложба во Уметничката галерија во Тетово

Тетово, 13 февруари 2020 (МИА) – „Колективна имагинација“ е насловена изложбата која од вечерва е отворена во националната установа „Уметничката галерија“ во Тетово на која е претставена работата на ученички од трета година при средното стручно текстилно училиште „Ѓоце Стојчески“. Хатиџе Алими, Хасије Несими и Халиме Алими од насоката дизајн на облека се претставуваат со неколку експериментални уметнички слики создадени од различни материјали како што се картон, камења, цртежи со моливи и слично.

-Галеријата помогна во реализацијата на овој проект така што го обезбеди просторот, да се уредат делата и да се обезбедат каталози и рекламни материјали. Љубовта кон уметноста е пример за секој млад уметник. Овие дела беа изложени со цел граѓаните да се запознаат со уметничкиот свет на учениците Галеријата е отворена за секој уметник во нивните различни перспективи во иднина да остави белег на културниот и уметничкиот живот во земјата, истакнаа од Галеријата.

Изложбата ќе биде отворена една недела. ас/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Институции и и фирми добиле налог дека мора да работат преку Алта банка

Средба на министерот Муцунски со специјалниот пратеник на МНР на Унгарија за Западен Балкан, амбасадорот Андраш Клеин

Тројца малолетници од Дебар украле автомобил од авто плац