Утрински Весник
Спорт

Самсоненко ги негира информациите дека можел да го спаси Вардар, но одбил

Самсоненко ги негира информациите дека можел да го спаси Вардар, но одбил

Скопје, 13 февруари 2020 (МИА) – Шефот на РК Вардар, Сергеј Самсоненко реагираше на текст во локален медиум во кој се тврди дека тој имал „имал шанса да го спаси Вардар – но одбил“.

Тој вели дека во него се изнесени целосно невистинити и непроверени информации, базирани само на шпекулации. По прашањето, според Русинот медиумот не се обратил да побара став или одговор на прашањата, туку „целосно непрофесионално изнесовте информации кои во јавноста предизвикуваат погрешна слика за ситуацијата“.

„Најостро ги осудувам и целосно ги отфрлам неточните информации кои беа објавени. Тврдам дека истите се базирани само на непроверени шпекулации кои кружат со цел да наштетат како на мојот личен углед така и на угледот на РК Вардар. Мој став и одговор на Вашите прашања не беше побаран, но јас сега од Вас одговорно барам докази за невистинитите тврдења кои ги објавивте за двете наводни понуди – сериозни и крупни опции за излез од кризата на колективот Вардар кои јас, од според Вас лични причини сум ги одбил. Сметам дека е недозволливо за еден медиум непроверено и непотврдено да изнесува невистинити и истовремено целосно дискредитирачки информации во јавноста“, се вели во реакцијата.

„Ве известуваме дека согласно член 8 став 1 од законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета ( Службен весник на РМ бр.143/2012) ,, за клевета одговара тој што за друго лице со утврден или очевиден идентитет, со намера да наштети на неговата чест и углед, пред трето лице изнесува или пренесува невистинити факти што се штетни за неговата чест и углед…,, Согласно став 2 од истиот член ,, Одговорност за клевета постои и ако невистинитото тврдење содржи факти штетни за угледот на правно лице…,,

Во таа насока, согласно член 13 став 1 од законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета бараме да се извините за изнесените клевети и навреди и јавно да ја повлечете објавата. Бараме извинувањето, повлекувањето како и овој демант да го објавите на исто место и на ист начин“, се вели во реакцијата на Самсоненко.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига