Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Дресен триумфира на спустот во Салбах-Хинтерглем

Дресен триумфира на спустот во Салбах-Хинтерглем
Img 7972

Салбах-Хинтерглем, 13 февруари 2020 (МИА) – Томас Дресен го освои спустот од Светскиот куп во алпско скијање во австрискиот зимски центар Салбах-Хинтерглем. Германецот го остави зад себе со 0,07 секунди Швајцарецот Беат Фојц, а на две стотинки поназад се рангираше сонародникот на Фојц – Мауро Кавизел.

Првите пет ги додадоа уште двајца „крстоносци“ – Карло Јанко и Нилс Хинтерман, а Норвежанецот Кетил Јансруд, Винсент Кричмаер од Австрија, Максенс Музатон, Јоан Клер од Франција и Норвежанецот Александар Омод-Килде беа меѓу првите десет.

Фојц останува лидер во генералниот пласман за Малиот кристален глобус во дисциплината, а Дресен е втор со 194 поени зад Швајцарецот. Трет е Италијанецот Доминик Париз, кој доби тешка повреда на коленото за време на тренинзите и го пропушта остатокот од сезоната.

Норвежанецот Хенрик Кристоферсен останува лидер во генералниот пласман на за големиот Кристален глобус, но неговата предност пред вториот – неговиот сонародник Омод-Килде – е само 21 поен. Трет на листата е Французинот Алекси Пинтуро со 842 поени.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН