Скопје, 14 февруари 2020
ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски а раководена од неговиот шеф Никола Груевски, денеска уште еднаш го потврди својот добро познат стил, втемелен во однесувањето и мафијашкиот речникот на партијата.
Очигледно по 11 години криминален начин на однесување и делување ВМРО-ДПМНЕ не може да излезе од режимската и криминална матрица.
Ова однесување на ВМРО-ДПМНЕ ја покажува паниката и нервозата од носењето на Законот за јавно обвинителство и од тоа што не успеаја да го одбранат криминалот на Никола Груевски.
СДСМ веќе еднаш ги повика ВМРО-ДПМНЕ се што имаат да поднесат како материјали до институциите, па низ јавни и отворени постапки да се видат и наводните докази за кои говорат во јавноста.
Но, наместо тоа ВМРО –ДПМНЕ останува само на празни зборови изнесени а бесмислени прес конференции.
Зоран Заев е прв политичар кој на човек кој јавно го величал, му испратил порака дека ако го прекршил законот – ќе одговара, што впрочем беше изнесено на судско рочиште.
Граѓаните многу добро се сеќаваат како ВМРО-ДПМНЕ постапуваше со медиумите и новинарите. Од закани за фрлање во ендеци, апсења и затворање на новинари, упади во медиуми, венци за новинари на домашни адреси, до медиумски мрак и загушени медиумски слободи.
Токму оваа власт предводена од СДСМ ја врати слободата и има ист третман кон сите медиуми.
И токму оваа власт не троши државни пари за да поткупува медиуми и новинари.
Денес, Република Северна Македонија е правна држава во која законите владеат за сите подеднакво и секој кој постапувал незаконски одговара за своите постапки. ВМРО-ДПМНЕ била и останува криминална партија, а Мицкоски и Груевски препознатливи носители на криминалот.
Затоа на 12 април граѓаните ќе ги казнат деструктивните ВМРО-ДПМНЕ и ќе порачаат режим – никогаш повеќе!
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста
_____________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки