Утрински Весник
Спорт

Вардар останува без Атман и Криштопанс, на лето ќе замине и Гедбане

Вардар останува без Атман и Криштопанс, на лето ќе замине и Гедбане

Скопје, 12 февруари 2020 (МИА) – Финансиски проблеми во двократниот европски ракометен шампион, Вардар. „Црвено-црните“ во продолжение на сезоната остануваат без двајца играчи – Даинис Криштопанс и Павел Атман.

Летонецот до крај на сезоната ќе игра за бундеслигашот Фухсе Берлин, а на лето се сели кај Раул Гонзалез во ПСЖ. Русинот, пак, се врати во родната земја и до јуни ќе настапува за московски Спартак.
Трансфер претходно комплетира и Данил Шишкарев, а во најава за заминување се и Словенецот Сташ Скубе и Германецот Кристијан Дизингер.

По завршување на сезоната ќе замине и голманот Калифа Гедбане кој договори трансфер во Адемар Леон.

Причина за одливот на ракометари во Вардар е беспарицата и шесте плати што клубот ги должи. сѓд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра