Утрински Весник
Македонија

Спасовски потврди дека побарал разрешување на Мизрахи, вели Уставот и законите мора да се почитуваат

Спасовски потврди дека побарал разрешување на Мизрахи, вели Уставот и законите мора да се почитуваат

 Скопје, 12 февруари 2020 (МИА) – За се можеме да правиме компромис и да разговараме, но за почитување на Уставот и законите нема компромиси, истакна денеска премиерот Оливер Спасовски, кој истакна дека веќе презел чекори во однос на постапката на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи во врска со таблата во Министерството со кое таа раководи – доставил предлог до Собранието за нејзинот разрешување.

-Одговорноста треба да ја имаме пред граѓаните, државата, нејзината иднина. Ако некој смета дека ситно партиските, тесни, политички интереси се поважни од Македонија и иднината на оваа држава се лаже многу. Јас како претседател на Владата и оваа Влада нема да дозволиме никој да си поигрува со судбината на државата и на граѓаните, рече Спасовски и нагласи дека предлогот е веќе доставен, бидејќи, како што рече, никој не смее да си поигрува со Уставот и законите.

-Премиерот и Владата имаат обврска да обезбедат заштита на Уставот на Република Северна Македонија. Имајќи предвид дека министерката Мизрахи свесно и намерно го крши Уставот и со тоа ја загрозува евроатланската иднина на земјата, премиерот до Собранието достави предлог за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика, Мизрахи, потврдија претходно од Владата за МИА.

Барањето за разрешување следува откако министерката Мизрахи неколкупати се појави на прес-конференција во МТСП пред табла со името „Република Македонија“. Ставот на Мизрахи е дека таа табла ја затекнала во Министерството кога ја презела функцијата, и оти пред неа и во минатото поранешната министерка Мила Царовска одржувала средби и прес-конференции.

Според Уставот за предлогот за разрешување на член на Владата одлучува Собранието на првата наредна седница. сст/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Давкова: НУБ „Св. Климент Охридски” е амбасадор на македонската културна историја и чувар на македонскиот идентитет

СЕОУГС Васил Антевски Дрен, Скопје – лауреат за Европската награда за иновативна настава (EITA) за 2024 година

НИ СЛЕДУВААТ УМЕРЕНИ ДО ЈАКИ МРАЗЕВИ: Температурите ќе се спуштат дури и под -10 степени!