Утрински Весник
Македонија

Саем на книгата во Македонска Каменица

Саем на книгата во Македонска Каменица
Dik 300x250 mk

Македонска Каменица, 12 февруари 2020 (МИА) – Културно-информативниот центар „Романса” од Македонска Каменица во соработка со издавачката куќа „Антолог“ од Скопје и здружението „Надеж Норе“ од Македонска Каменица по повод денот на виното и вљубените го организира првиот мини-саем на книгата во Македонска Каменица.
Саемот беше отворен денеска и ќе биде отворен до 14 февруари, каде ќе бидат изложени над 50 дела од сите жанрови.
– На саемот ќе бидат изложени над 50 дела од сите жанрови и за сите возрасти, од познати светски писатели, меѓу кои и добитници на нобелова награда како и бестселери, информираат од КИЦ „Романса”.
Саемот, како што посочуваат, се спроведува во рамки на проектот „Да читаме заедно“.
– Целта е зголемување на читачката култура која кај населението срамежливо се зголемува, но сепак не е на нивото на кое што беше кога немаше толку развиена технологија. Планираме вакви настани повеќе пати во годината, со надеж дека целта ќе ја оствариме, информираа од КИЦ „Романса”.
Изложбата во горенаведените денови ќе биде отворена од 13:00 до 19:00 часот. вс/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!