Оваа организација, иницијатива за економски развој на Ромите-РЕДИ е мрежа од невладини организации која работи на меѓународно ниво и се фокусира кон финансиска инклузија на ромски претприемачи и економско зајакнување на ромските заедници во Европа и на Балкан.
Ахмет Јашаровски од одделението за локален економски развој од општина Куманово, смета дека ваквите трибини непосредно влијаат за полесно пронаоѓање на работа за невработените.
– Вакви настани и средби индиректно се организираа преку невладиниот сектор, но сега првпат Општина Куманово како партнер со организацијата РЕДИ и АВРСМ го одржува овој настан и се надевам дека многу повеќе ќе работиме на таа проблематика. Колку што имаме информации дека има посебна програма од активните мерки за вработување што оди преку Агенцијата за вработување посебно за ромската програма. Се надевам дека дел од овие програми кои што се предвидени Ромите претприемачи кои што сакаат да започнат или да влезат во бизнис ќе отворат свои фирми или другите мерки што ги нуди самата програма, изјави Јашаревски.
Од кумановскиот центар за вработување појаснуваат дека невработените Роми генерално се заинтересирани за вклучување на пазарот на труд, за директно вработување, но и во рамки на мерките за побарувани занимања, обука за познат работодавач.
-Припадниците на ромската етничка заедница се една и од ранливите групи на невработени лица кои што како посебна целна група се ставени и во оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2020 та година. Имавме интерес лани во речиси сите мерки, во обуки за занаети, во програмата за самовработување, за побарувани занимања и за сите други мерки кои што се предвидени во оперативниот план, изјави раководителката на Центарот за вработување, Марија Димитријевска.
Наредни инфо- сесии ќе се одржат во општините Битола, Шуто Оризари и Кичево.ам/скс/