Утрински Весник
Македонија

Османи и Димитров утре во посета на Париз

Османи и Димитров во Данска по поддршка за датум за преговори во октомври

Скопје, 12 февруари 2020 (МИА) – Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров утре ќе престојуваат во работна посета на Француската Република. Централна тема на средбите што ќе ги имаат Османи и Димитров ќе бидат европските перспективи на Република Северна Македонија во пресрет на одлучувањето во Советот на ЕУ.

Во рамки на посетата, како што соопштија од Секретаријатот за европски прашања, предвидени се средби со Амели де Моншален, државен секретар во Министерството за Европа и надворешни работи, задолжена за европски прашања, како и со Клеман Бон, дипломатски советник за Европа на претседателот Емануел Макрон.

Планирано е Османи и Димитров да остварат средби и со претседателката на Комисијата за надворешна политика во Националното собрание, Мариел де Сарнез и со генералниот секретар за европски прашања при Владата на Франција, Сандрин Годен.

Во фокусот на разговорите ќе бидат европските интеграции на Република Северна Македонија, а во контекст на неодамнешното објавување на документот на Европската комисија за зајакнување на пристапниот процес.

Посетата на Париз на Османи и Димитров се случува во период на засилена дипломатска и државна активност, во врска со остварувањето на стратешката цел за добивање на одлука за почеток на пристапните преговори. сст/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор