Утрински Весник
Македонија

Заев: Сите видовме дека има нова табла во МТСП

Заев: Сите видовме дека има нова табла во МТСП

Скопје, 11 февруари 2020 (МИА) – Сите видовме дека таму има нова табла. Сите знаеме дека старите табли преку уставните промени останаа. Некои ги уништија, а некои стојат. Но, има нова табла, рече претседателот на СДСМ и доскорешен премиер Зоран Заев денеска на прес-конференција, одговорајќи на новинарско прашање во врска со изјавата на министерската за труд и социјална политика Рашела Мизрахи дека е подготвена да плати и казна до пет илјади евра само да не стави двојазична табла.

Заев посочи дека поранешната министерка за труд и социјална политика Мила Царовска има одржано прес-конференциии и изјави со нова табла.

– Се работи за Устав и закон на државата. Зборуваме за правна држава, за Устав и за закон. Очекувам Владата предводена од СДСМ да преземе конкретни чекори, рече Заев.

За деталите околу тоа што ќе биде преземено во врска со ова прашање, Заев упати на премиерот Оливер Спасовски.фф/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кос: Македонија да го промени Уставот и потоа навистина да го забрзаме процесот

Министерот Таравари по вчерашниот колапс се одмара дома

Митрески: ВМРО-ДПМНЕ одби да обезбеди средства за подобрувања на инфраструктура во дебарско