Утрински Весник
Македонија

Мигранти од Бангладеш пронајдени во возило кај село Костурино

Мигранти од Бангладеш пронајдени во возило кај село Костурино

Скопје, 11 февруари 2020 (МИА) – Петнаесет мигранти од Бангладеш се пронајдени во товарно возило „Киа“ на регионалниот пат Валандово – Струмица, во атарот на село Костурино, соопшти полицијата.

Мигрантите се пронајдени вчера вечерта околу 20:00 часот од полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор Стар Дојран, а возачот на „Киа“-та побегнал.

По наредба на јавен обвинител, мигрантите се сместени во Прифатниот центар за странци „Винојуг“ во Гевгелија и во Прифатниот центар за странци во Гази Баба Скопје. мч/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Оделе по невестата, го запреле сообраќајот – МВР ги казни сватовите

Дивеел на едно тркало по Партизанска, немал ни возачка дозвола – заработи две кривични пријави

Дожд, магла и непристапен терен: Успешно спасени двајца странски планинари на Шар Планина